Скопје – 05.12.2017 година.

ПРЕДАВАЊЕ ЗА БЕЗБЕДНОСНИТЕ ТРЕНДОВИ


Улогата и влијанието на интернетот во разузнавањето и ерозијата на довербата во институциите на државата беа во фокусот на предавањето на директорот на Агенцијата за разузнавање, д-р Зоран Иванов на Европскиот универзитет. Тој наглси дека студентите од Европски универзитет заедно со Агенцијата за разузанавање со своите истражувања можат да придонесат за заштита на националните интереси на државата. Предавањето, кое се однесуваше на безбедносните трендови, директорот го одржа на 29.11.2017 година. Обраќањето на д-р Иванов следи по потпишувањето на меморандум за соработка меѓу Агенцијата за разузнавање и Европскиот универзитет.





<