Скопје – 17 ноември 2017 година

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО „ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ“


Директорот на Агенцијата за разузнавање, д-р Зоран Иванов и деканот на Факултетот за детективи и криминалистика при Европски универзитет, проф. Атанас Козарев потпишаа меморандум за соработка, согласно кој двете институции меѓусебно ќе соработуваат за едукација, образование и усовршување на кадри и ќе разменуваат искуства од областа на безбедноста.