Скопје – 16 март 2018 година

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ ВО ПОСЕТА НА АР


ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ ВО ПОСЕТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

Борбата против меѓународниот тероризам, справувањето со странски борци и влијанието на надворешни фактори врз процесот на радикализација се дел од темите на кои претставници на Агенцијата за разузнавање (АР) разговараа со членовите на висока делегација на Европската Унија предводена од Заменик Генерален Секретар за Заедничка Безбедност и Одбранбена Политика г-дин Педро Серано и евроамбасадорот во Р. Македонија Самуел Жбогар.

Претставниците на ЕУ се интересираа за местото и улогата на АР во безбедносниот систем како и спецификите на работа во поддршка на сродните служби во Министерството за Внатрешни работи. Воедно се интересираа и за методите за проценување на тековните закани, како и соработкатата на АР со партнерски служби во справувањето со заканите од меѓународен тероризам и брзите промени на современите трендови и заканите врз Европската безбедност.

На средбата, која се одржа во четврток на 15.03.2018 година, се разговараше и за потенцијалот за интензивирање на соработката на Агенцијата за разузнавање со европските институции во областа на меѓународната безбедност.