Скопје – 16 декември 2018 година

ПОКАНА ДО МЕДИУМИТЕ

Свечено отпочнување на програмата за стручно и професионално усовршување за разузнавање на Факултетот за безбедност-Скопје и Агенцијата за разузнавање на Република Македонија


Во понеделник 17.12.2018 година во 09.30 часот во Агенцијата за разузнавање ќе се одржи свечено отпочнување на првата универзитетска програма за стручно и професионално, а воедно и првиот македонски Курс за разузнавање на Факултетот за безбедност-Скопје и Агенцијата за разузнавање на Република Македонија.

На свеченоста свое обраќање ќе имаат Директорот на Агенцијата за разузнавање д-р Зоран Иванов, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и Продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје доц. д-р Марјан Ѓуровски.

Се покануваат претставниците на медиумите да присуствуваат на свеченоста, да ги проследат обраќањата и да се запознаат со новиот сегмент на едукација во Агенцијата за разузнавање. Се замолуваат претставниците на медиумите во Агенцијата за разузнавање да дојдат во понеделник 17.12.2018 год. најдоцна до 09.20 часот.

Со овој нов проект се отвора нов процес на едукација и професионализација на вработените во Агенцијата за разузнавање. Програмата за разузнавање и анализа е напреден универзитетски курс за стручно и професионално усовршување во разузнавањето. Опфаќа повеќе области од оперативното делување, методи на собирање на податоци, современите безбедносни трендови и политики. Програмата ќе се реализира врз основа на Законот за високо образование и Законот за Агенција за разузнавање.

Општа цел на програмата е овластените службени лица да добијат унифицирани знаења од разузнавањето, оперативното окружување и современите трендови за да бидат оспособени успешно да ги поддржуваат задачите и обрските на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија, во денешното комплексно безбедносно опкружување.

Наставно–образовниот процес ќе се реализира низ предавања, анализи, вежби и практично–применети форми на настава со над 150 часа.


АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА