Скопје – 17 октомври 2017 година

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ПРВИОТ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ФОН

Директорот на Агенцијата за Разузнавање д-р Зоран Иванов и ректорот на Првиот приватен универзитет ФОН, проф. д-р Нано Ружин потпишаа меморандум за соработка. Со овој документ, како и со Договорот за спроведување на одредбите на меморандумот за соработка за академската 2017/2018 година, се регулира взаемната соработка во областа на образование, усовршување, оспособување, учење и обука во повеќе стручни и научни области. Меморандумот и договорот се потпишани на 17.10.2017 година.