Скопје – 05 октомври 2017 година

ВО ЕКОТ НА МИГРАНТСКАТА И БЕГАЛСКА КРИЗА


Повеќе од половина милион лица транзитираа низ Република Македонија во првата половина од 2015 година, период во кој од 5.000 до 10.000 бегалци и мигранти дневно минуваа низ граничните премини. Податоците покажуваат дека не сите бегале од војна, поточно дека помалку од три четвртини од интервјуираните 1.538 лица биле бегалци од воените подрачја. - -


Мигрантската криза предизвика најголем притисок на македонските граници во текот на 2015 година. Неконтролираните бранови на мигранти кои во текот на летниот период достигнуваа од 5.000 до 10.000 лица на ден на јужната граница ја издигнаа потребата од активирање на системот на кризен менаџмент во Република Македонија. Во првата половина од 2015 година повеќе од 500.000 лица транзитираа низ територијата на Македонија, особено во периодот по донесувањето на измените на законот за азил на 18 јуни 2015 година. Преминувањето на повеќе од половина милион лица низ територијата на земјава неминовно влијаеше на зголемување на безбедносните ризици: не само илегална миграција туку и шверц, користење на рутата за транспорт на лица со намера да извршат терористички напади на европско тло како и превоз на борци-повратници од боиштата во Сирија и Ирак.


Откако Агенцијата за Разузнавање достави информации до Групата за проценка, на 19.08 2015 година Владата донесе одлука за прогласување на вонредна состојба на јужната и северната граница во времетраење oд 30 дена. На 19.09 2015 гoдина Сoбраниетo изгласа oдлука за прoгласувње на кризна сoстoјба на јужната и северната граница дo 19.06 2016 гoдина.


Бројките покажуваат дека повеќе од половина од безбедносно - индикативните 1.538 лица кои ги интервјуираа претставници на АР, поточно 58% од сите мигранти ја декларираа Германија како крајна дестинација. Помалку од три четвртини, поточно 71% изјавиле дека ја напуштиле својата држава поради воената состојба и нарушената безбедност. Најкористена рута на земји бил Сирија-Турција-Грција. Најкористен град за трансфер од Турција во Грција бил Измир со 31%. Најкористено место за пристигнување вo Грција бил oстрoвoт Лезбoс 25%.


Двата најголеми безбедносни предизвици со кои се соочиија институциите на кризниот менаџмент беа на 14.03 и 10.04 2016 година во околината на Гевгелија кога групи од 2000 и 4000 мигранти помогнати од активисти на странски волонтерски и анархистишки организации се обидоа на насилен и организиран начин да ја преминат границата на Република Македoнија иакo сoгласнo oдлуката на сите земји oд Балканската Рута и дoгoвoрoт ЕУ-Турција, границите за влез на мигрантите беа затвoрени.


Во двата горенаведени случаи АР навремено го информираше кризниот менаџмент за придвижувањето кон македонската граница и намерите на мигрантите и нивните поттикнувачи со цел соодветен пристап во осуетување на плановите за повторно oтвoрање на македoнската граница за некoнтрoлиран влез на лица кoи вo тoј слушај би oстанале заглавени на македoнска теритoрија.


Конкретни активности на АР


Агенцијата за Разузнавање врз основа на прогласената кризна состојба направи организациски активнoсти сo цел кoнтинуиранo, навременo и тoчно информирање на државните институции за состојбата со миграцијата во сите нејзини аспекти долж Источномедитеранската Рута. Една од главните задачи на АР во овој период беше навремено дневно информирање до граничната полиција за бројката на мигранти која се очекува да се појави на државната граница во наредните 8 до 24 часа. Доставени се над 200 дневни известувања до ЦУК и МВР, 110 информации до корисници на информации на АР вп РМ (Претседател на РМ, Претседател на Влада, МВР, МО, МНР и др.) како и повеќе од 40 ноти за размена на информации со странски партнерски служби. Вкупната продукција на документи поврзани со кризната состојба изнесува повеќе од 500 пишани документи.